Home Спорт Летниот сон на Јувентус се вика Ди Марија!

Летниот сон на Јувентус се вика Ди Марија!

Италијанските медиуми тврдат дека најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на ПСЖ, Анхел ди Марија.

Ди Марија не е задоволен од животот во Париз и сака да ја промени средината, а после разочарувањето во Лигата на шампиони наводно не верува повеќе во тимот и е спремен да замине на лето.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус кој сака да донесе една голема ѕвезда следното лето, а прва желба е токму Ди Марија.

Наводно Игуаин и Дибала веќе разговарале со својот сонародник и тој нема ништо против да се пресели во Торино.

Проблем за „старата дама“ секако ќе биде раководството на ПСЖ кое не е во добри односи со „бјанконерите“ и воопшто не сака да преговата за трансфер на Ди Марија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…