Легендарниот Defender повторно актуелен, и со висока цена (фото)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Не е баш честа појава некоја компанија две години после прекинување со производство, да го врати во продажба производот. И тоа без никакви модификации.

А Land Rover на задоволство на своите бројни фанови, ќе го направи токму тоа. Легендата се враќа, но само во лимитирано производство. Логично, затоа што овој Defender не е евтин. А неговиот V8 мотор не е наменет за секого. А ретко кој автомобил може да се пофали со ознака 70th anniversary.

Најмоќниот и најбрз Defender во историјата е движен од 5.0 V8 со 405 КС и 515 Nm, a снагата е пренесена преку 8- степен менувач. Звучи неверојатно, но овој британски класик постигнува 96 km/h за 5,6 секунди, а максимална брзина е 171 km/h.

Моќниот погон доаѓа заедно со некои „невидливи“ подобрувања, како во системот за кочење и слично.