Home Спорт Легенда од највисок ранг: Марсело со солзи во очите се збогуваше од Реал Мадрид

Легенда од највисок ранг: Марсело со солзи во очите се збогуваше од Реал Мадрид

Реал Мадрид денес на емотивен начин се прости од Бразилецот Марсело кој во клубот беше од 2006 година.

На денешната прес-конференција, Марсело со солзи се прости од „кралевите“.

„Мадрид секогаш ќе биде мој дом. Кога го напуштив Бразил сакав само да играм во Лигата на шампионите, а денес сум најтрофеен играч во најголемиот клуб во светот“, порача Бразилецот.

Марсело во Реал освои неверојатни 25 трофеи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…