Home Спорт Легенда: Канте со својот потег ги воодушеви сите!

Легенда: Канте со својот потег ги воодушеви сите!

Ѕвездата на Челси, Нголо Канте поради својата скромност е омилен во фудбалскиот свет, а сега уште еднаш покажа дека е голем човек.

Канте уште еднаш ги изненади фановите откако ја прифати поканата на еден навивач на Челзи да присуствува на свадбата на неговата ќерка.

Френк Калид се сретнал со Канте во еден лондонски ресторан, и го поканил францускиот репрезентативец на свадбата, и тој наместо да одбие не само што се појавил, туку и останал до крајот на свадбата.

Канте пристигнал на време и притоа се дружел со гостите на венчавката.

„Остана до крајот на вечерта, беше толку драг со сите. Се сликаше, делеше автограми… Тој е неверојатен човек и има златно срце. Сите ги усреќи“, кажа таткото на Хана Калид, девојката која се венчала за Рахел Малик.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…