Home Актуелно Јанева од притвор им испрати писмо на колегите од СЈО

Јанева од притвор им испрати писмо на колегите од СЈО

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, која моментално се наоѓа во притвор во Истражниот затвор во Шутка, оттаму испратила писмо до тимот на обвинители со кое наредува сите предмети од СЈО да се предадат во Основното јавно обвинителство во Скопје.

Информацијата за МКД.мк ја потврдија и официјално од СЈО. Како што дознаваме во врска со писмото од шефицата, обвинителите одржале состанок, одлуката ќе треба да се донесе во рок од три дена.

Писмото било испратено вчера, по што веднаш бил свикан и колегиум.

Советот на Јавни обвинители пред неколку дена донесе едногласна одлука дека треба да почен постапка за разрешување на Јанева. Извештајот беше ипратен до Собранието, а седницата треба да се одржи утре.

За ваквата информација се обративме и до Обвинителството во Скопје од каде ни најавија дека во текот на денот ќе излезат со информација во врска со ова пис

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…