Home Шоубизнис ЛеБрон Џејмс и соиграчите од Лејкерс во солзи после веста за смртта на Брајант

ЛеБрон Џејмс и соиграчите од Лејкерс во солзи после веста за смртта на Брајант

ЛеБрон Џејмс и неговите соиграчи од Лос Анџелес Лејкерс беа снимени во солзи поради смртта на кошаркарската и тимска легенда Коби Брајант на враќање од Филаделфија после кошаркарскиот натпревар кој го играа таму.

Играчите на Лејкерс и персоналот, на симнување од авионот во Лос Анџелес, беа снимени како во солзи се тешат меѓу себе после веста за трагедијата која го погоди кошаркарскиот и спортскиот свет на цела планета.

Видно вознемирен и во солзи, ЛеБрон Џејмс беше буквално скршен и затечен од шокантната вест за загубата на неговиот голем спортски и животен пријател.

Леброн во натпреварот против Филаделфија го престигна Коби по бројот на поени во НБА лигата. Џејмс стига до бројата 33.644 и го остави Брајант зад себе.

На патиките на Леброн пишуваше „Mamba 4 life“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ли-Ен од „Литл микс“ возврати на споредбите со Џејд: Дневните стримови не го одредуваат мојот успех

Ли-Ен Пинок реагираше на објава во која корисник ги спореди слушањата на нејзиниот соло-ал…