Лажираше патување на Бали и покажа колку е лажна реалноста на Инстаграм


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со секое отворање на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, нивните корисници лесно можат да си наметнат комплекс кога ќе ги погледнат фотографиите што ги споделуваат личностите (посебно славните) кои тие ги следат.

Пример, доволна е една фотографија од Бали, за секој од нас да посака веднаш да ги спакува куферите и да замине таму така лесно и едноставно како што тоа го опишуваат и претставуваат таканаречените Инстаграм „инфлуенсери“. Но, реалноста вели дека ретко кој од нас може да си го дозволи тој луксуз.

„Јутјуберката“ Наталија Тејлор сакаше да не потсети и предупреди да не заглавуваме емоционално во виртуелната реалност на социјалните мрежи, апелирајќи дека не треба безусловно да им веруваме на останатите Инстаграм корисници и нивните објави.

Тејлор за таа цел лажираше луксузно патување на Бали и покажа како тоа лесно ја залажува останатата интернет популација.

Таа со своите 314.000 Инстаграм пријатели сподели фотографии на кои тврди дека одлично си поминува на Бали. Но, фактичката стварност е дека фотографиите се направени во ИКЕА, во близина на нејзиниот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Taylor (@natalia__taylor) on

За да ги направи лажните фотографии од Бали, Наталија отишла до најблискиот салон на ИКЕА со фотографката Ели Амодео, каде позирала пред изложбените парчиња мебел, со цел да направи кадри со кои ќе ги убеди пријателите на социјалната платформа дека навистина отседнала во луксузен хотел.

Таа позираше во када, на стол за шминкање, со ретро телефон, а сите фотографии беа една по една средувани од фотографката пред да бидат објавени на Инстаграм. Сепак, на истите намерно биле оставени некои знаци кои ќе укажуваат на тоа дека фотките се лажни и не се направени на Бали, како на пример цената на одредено парче мебел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Taylor (@natalia__taylor) on

Нејзината прва лажна слика од Бали била насловена „Кралицата стигна на #Бали“. Илјадници пријатели ставиле допаѓање на фотката и коментирале, верувајќи дека истата е реална.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Taylor (@natalia__taylor) on

„Таа навистина живее најдобар живот“, „Нашата Бали принцеза“ беа само дел од коментарите од нејзините следбеници.

Во својот „влог“ Наталија откри како го испланирала тоа лажно патување и истакна дека е шокирана од добронамерните коментари.

„Сите коментари беа позитивни, корисниците ја фалеа мојата облека и шминка. Никој не знаеше. Дами и господа, успеав. Успеав да ве убедам дека отпатував во друга држава на одмор, а всушност отидов во ИКЕА која се наоѓа во близина на мојот дом“, кажа таа на својот „влог“.

Наталија смета дека овие фотографии треба да бидат лекција за сите нејзини пријатели. Тие треба да научат да не веруваат на сè што ќе видат на социјалните мрежи и на интернет.