Купил iPhone со фалсификат евра, а дома при претресот му нашле и марихуана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


СВР од Штип поднесе две кривична пријави против жител на Штип со иницијали Б.К (35). Имено Б.К.најнапред пуштил во оптек фалсификувани евра.Четири банкноти во апоени од 100 евра. Со нив си купил ајфон. Продавачот на „Ајфонот“ отишол да ги замени еврата и при тоа е констатирано дека истите се фалсификувани.

Настанот пријавен во полиција. Полицијата побарала и добила налог од судија за претрес на домот на на Б.К. При претресот се најдени 558 грама дрога марихуана. Судија од основниот суд во Штип одредил мерка притвор од 30 дена.