Култната бејзбол палка од легендата Бејб Рут продадена за еден милион долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако бејзбол легендата Бејб Рут почина пред повеќе од 70 години, неговото име и оставштина како американска национална икона и денес „тежат“ милиони долари.

Бејзбол палката која Рут со која го удрил неговиот 500-ти „хоумран“ во 1929 година е продадена за повеќе од еден милион долари, објави аукциската куќа СЦП.

Палката, која што Рут му ја донирал на пријател во 1940-тите, ја купил непознат купувач за сума од 1.000.800 долари.

„Предметите на Бејб Рут и понатаму се меѓу најценетите во колекционерскиот свет“, изјави директорот на СЦП, Дејвид Колер.

Многумина сметаат дека Бејб Рут е најголем безбол играч во историјата и еден од најголемите спортисти во американската популарна култура.

Играше 22 сезони во Бостон Ред Сокс и Њујорк Јенкис пред да се пензионира во 1935 година.