Куќи во живописното Сан Пјеро Пати на продажба за едно евро – кој е „ЗА“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Градскиот совет од италијанското живописно местенце Сан Пјеро Пати, сместено на сицилиските ридести предели, донесе одлука старите, напуштени куќи да се продаваат по цена од едно евро. Целта е да се заживее ова живописно градче на Сицилија.

Поради миграцијата и стареењето, малото гратче загубило голем дел од населението, па советот морал да преземе итни мерки за местото да не биде избришано од мапата.

Оние кои ќе одлучат да купат куќа, ќе мораат да ја обоноват користејќи камен, дрво и теракота за кровот и, по можност, да ангажираат локални ѕидари. Она што ја прави оваа локација атрактивна е тоа што само 15-минутно возење ја дели од најблиската плажа и е на крајот на националниот парк Неброди.

Локалниот совет анонимно гласал за проектот, а идејата ја добиле од градот Ганги, кој во 2014 година привлече интерес од целиот свет кога, исто така, нудеше куќи за едно евро.

Администрацијата на градот сега ќе процени колку куќи ќе бидат понудени на продажба и ќе ги исконтактира сопствениците. Се очекува првите куќи да бидат продадени идната година. Странските државјани исто така се добредојдени.

Сан Пјетро Пати пред 20 години имал 4.000 жители, додека денес има илјада жители помалку. Градот е сместен во регион каде има висок процент на невработени. Во последните 16 години, од јужниот дел на Италија си заминале 1,8 милион луѓе, од кои половина се на возраст меѓу 15 и 34 години.