Куче ги „манијачело“ градите од една Британка – тоа типката ја чинеше затвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клои Џонс, 20-годишна Британка, ќе заврши зад затворски решетки поради тоа што едно куче не престанувало да гледа во нејзините гради. И тоа додека се наоѓала во кругот на еден затвор.

Како што чуварите брзо сфатиле, девојката во градникот пробала да прокриумчари „подарок“ за своето момче кое било зад решетки. Но додека поминувала на проверка на влез, ја запрело куче кое е обучено за откривање илегални супстанци.

Кучето застанало и гледало во нејзините гради што предизвикало реакција кај полицајка од затворот во Свонси. Џонс ја ставила раката во својата долна облака и извадила завиткана мешавина од скршени и згмечени 13 Субутекс таблети кои можат да се користат како замена за хероин.

Обвинителот Јан Вајт изјавил дека полицаецот чие куче ја открил дрогата забележал дека Клои изгледа прилично нервозно. Тој го пуштил своето куче да ја заврши работата, а животното му покажало дека нешто сигурно се наоѓа во пределот на нејзините гради.

Џон тврдела дека таблетите се нејзини и дека заборавила да ги извади од долната облека пред да тргне во посета кај нејзиното момче. Таа се изјаснила како виновна за внесување дрога во затвор.

Пред тоа веќе признала дека два пати крадела по супермаркети. Таа „чувала стража“ додека нејзиниот партнер крадел торби од колички во маркети, вклучувајќи и една од 92 годишна жена.

Робин Руч, нејзиниот адвокат, кажал дека затворската казна била неизбежна. Кажа дека таа и нејзиниот партнер во тој период биле зависници од хероин и знаејќи дека нејзиниот партнер се бори за одвикнување во притвор, пробала да му донесе Субутекс. Осудена е на вкупно 16 недели во установа за прекршоци на помлади полнолетници.