Home Актуелно Крваво утро во Франција, убиени тројца полицајци

Крваво утро во Франција, убиени тројца полицајци

Тројца полицајци се убиени, а четвртиот е ранет во пукотница што се случила рано утрово во централна Франција, во комуната Сент Жист во регионот Пи Дум.

Француската полиција потврди дека тројца полицајци биле убиени во престрелката што се случила во централна Франција и дека уште еден припадник на полицијата е ранет, пренесува Ројтерс.

Претходно, АФП објави на Твитер дека полицајците одговориле на повикот поради семејно насилство и дека 48-годишен маж пукал кон нив кога се обиделе да спасат жена, пренесува Ројтерс. Мажот потоа ја запалил куќата. Жената побегнала на покривот, а според извештаите на медиумите, сега е безбедна.

Полициската акција е во тек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…