Денес сончево со температува до 15 степени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. По котлините значително облачно или со појава на магла, особено претпладне. Во јужните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има начителна ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

И в четврток ќе се задржи стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност. Под влијание на влажен бран од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север, в сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1.000 метри, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјава.