„Крушата под круша паѓа“: Конечно позната целосната вистина за синот на Пабло Ескобар…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот суд ги обвини вдовицата и синот на најголемиот колумбиски нарко-бос, Пабло Ескобар дека се дел од криминална организација која се занимава со перење на пари.

Како што наведуваат аргентинските медиуми, Викторија Енао, Хуан Пабло Ескобар Енао и некогашниот фудбалер Маурисио Серна се обвинети дека биле посредници на колумбискиот нарко-бос Хосе Пједарита и дека учествувале во перењето пари преку трговија на недвижнини и во една позната кафетерија.

Судот во Аргентина сега наложи да им се заплени имотот во вредност од милион долари.

Инаку, вдовицата на Пабло живее под лажен идентитет, Марија Исабел Сантос Кабаљеро, а неговиот син по животот под идентитет Хуан Себастијан Марокин Сантос, одлучи да го обелодени својот идентитет и гордо да го носи името на татка си.

Се претставуваше како дизајнер, архитект и писател, а неговата книга „Гревовите на мојот татко“ доживеа голема експанзија во светската литература, но и на Балканот.