Home Актуелно Кривична за скопјанец: Пишувал вулгарни коментари на Фејсбук профилот од амбасадата на САД

Кривична за скопјанец: Пишувал вулгарни коментари на Фејсбук профилот од амбасадата на САД

Триесет и четиригодишниот скопјанец, Т.Т. заработи кривична пријава од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело повреда на угледот на странска држава.

Пријавниот во периодот од 14 до 16.04.2016 година од својот фејсбук профил во повеќе наврати на официјалната страница на Фејсбук на Амбасадата на САД во Р.Македонија, објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Р.Македонија и кон неговото семејство со што јавно го изложил на подбив, соопштија денеска од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…