Home Актуелно Од утре цело Скопје бесплатно ќе се вози со градски

Од утре цело Скопје бесплатно ќе се вози со градски

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје додека да се намали загаденоста на воздухот, најави градоначалникот на градот, Коце Трајановски, како една од мерките што ги претстави на прес-конференција за загаденоста на амбиенталниот воздух.

Трајановски апелираше сите скопски градоначалници да помогнат во финансиското субвенционирање на јавниот градски превоз.

Оваа привремена мерка ќе трае сè додека нивото на загадување не се намали до дозволеното ниво.

За воведување пар-непар Трајановски рече дека нема законски услови и затоа упати апел до надлежните министерства да направат измени во законите за воведување на оваа мерка во главниот град.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…