Home Актуелно Кривична пријава за прилепчанецот што истури боја врз куче

Кривична пријава за прилепчанецот што истури боја врз куче

Полицијата поднесе кривична пријава против прилепчанецот што истури црвена боја врз куче и се изживувал со него. Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи на кои се споделуваа фотографии за настанот.

Полицијата денеска информира дека случајот бил пријавен на 29 август во 19 часот во Полициската станица Прилеп. Граѓанин пријавил дека околу 16.30 часот непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад во Прилеп, пренесува „Макфакс“.

„Тој истурил црвена боја врз куче и започнал да го влече за едната нога. По пријавувањето на настанот, излезено е на местото на настанот, каде што е извршен увид. По преземените мерки, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп од слобода го лишиле М.М. (56) од Прилеп. Со лицето е извршен разговор и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело мачење животни казниво по член 233 од Кривичниот законик“, информираат од полицијата.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…