Home Актуелно Кривична пријава за детска порнографија во беровско

Кривична пријава за детска порнографија во беровско

18-годишниот Б.М. од село Русиново, беровско доби кривична пријава поради тоа што на Фејсбук Месинџер и на Инстаграм примил фотографии со компромитирачка содржина од 16-годишна девојка, кои подоцна ги пренел до трето лице. Тоа според законската регулатива е кривично дело „производство и дустрибуција на детска порнографија“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дустрибуција на детска порнографија“. Тој на социјалните мрежи „Messеnger“ и „Instagram“ примил фотографии со компромитирачка содржина од 16-годишна девојка од беровско село, по што ги дистрибуирал до трето лице, пишува во билтенот на МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…