Home Актуелно МВР АКЦИЈА: Казнети над 200 возачи во Скопје

МВР АКЦИЈА: Казнети над 200 возачи во Скопје

Непрописното возење последниов период е главен причинител за голем број сообраќајни несреќи, од кои некои завршија трагично. Сепак, возачите особено во Скопје продолжуваат со таквата пракса.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на изминатата ноќ, во времето од 22,00 до 04,00 часот, спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 64 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 37 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 79 останати прекршоци за кои се издадени 44 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…