Home Актуелно Кривичен ја прифати жалбата на СЈО: Претресот кај Горан Грујевски бил законски

Кривичен ја прифати жалбата на СЈО: Претресот кај Горан Грујевски бил законски

Кривичниот совет ја прифатил жалбата на Специјалното јавно обвинителство за претресот во домот на поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски. Како што потврдуваат од СЈО, Кривичниот совет донел одлука дека претресот на домот на Грујевски бил законски.

Според СЈО, сега не постои никаква пречка доказите прибавени од претресот кај Грујевски да бидат употребени во постапката.

Претходно, за судот беше спорно зошто претресот бил вршен додека Грујевски бил во притвор. Горан Грујевски е осомничен во предметот Тврдина за уништување на системите за прислушуање и во предметот Тврдина 2, каде тој е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за на 13 март.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…