Кремљ негира дека Абрамович и други преговарачи од Украина биле затруени – Роман денеска е на средбата во Турција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кремљ ги отфрли информациите дека рускиот олигарх и милијардер Роман Абрамович бил затруен за време на мировните преговори претходно овој месец, како што објави „Волстрит џурнал“, нарекувајќи го тоа информативна војна.

„Ова е дел од информативната кампања, дел од информативната саботажа, ова е дел од информативната војна. Овие извештаи секако не се точни“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот за медиумите, пренесе државната медиумска агенција Риа новости.

Рускиот олигарх и милијардер Роман Абрамович присуствува на тековните разговори во Истанбул меѓу Русија и Украина, но не е официјален член на руската делегација, изјави портпаролот Дмитриј Песков. Абрамович „олеснува“ за да „обезбеди одредени контакти меѓу руската и украинската страна“, додаде тој.

„За да се одржуваат контакти меѓу двете страни, неопходно е да се добие одобрение од двете страни. Во случајот со Абрамович, тој има одобрение од двете страни“, дополни Песков.

Абрамович, кој беше санкциониран на почетокот на овој месец од Велика Британија заедно со другите руски олигарси по руската инвазија, дејствуваше како посредник меѓу Русија и Украина, патувајќи меѓу Москва, Киев, Истанбул, Варшава и пошироко, во екот на разговорите за ставање крај на конфликтот, потврди неговиот портпарол минатиот месец.