Во Турција продолжија мировните преговори меѓу Русија и Украина – средбата е во канцеларијата на Ердоган


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Украинските и руските мировни преговарачи денеска се сретнаа во Турција, во канцеларијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул.

Би-Би-Си пишува дека тие биле седнати на долги маси, еден спроти друг, а им се обратил турскиот лидер. Инаку, ова се први разговори лице в лице по повеќе од две недели, но надежите за некаков напредок не се големи.

Ердоган рече дека е тажен што конфликтот влезе во својата петта недела. Турција, членка на НАТО, има добри односи со двете земји и сака да биде посредник во преговорите. Ердоган претходно се спротивстави на санкциите наметнати на Русија, но исто така повика на итен прекин на огнот.

Ердоган рече дека очекува солиден исход од разговорите, истакнувајќи дека мирот нема да има губитници.

„Вие ги поставувате темелите на мирот со директивите на вашите лидери. Непосреден прекин на огнот и мир би биле од корист за сите“, рече турскиот претседател, кој доби аплауз по неговиот говор.