Кралицата одлучна: Меган Маркл ќе мора да оди на курс


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пред да ги преземе сите должности како новопечена војвотка од Сасекс, кои ги извршува една сопруга на британски принц, на наложба од кралицата Елизабета II, Меган Маркл ќе мора да мине строг курс и обука поврзани со кралските протоколи.

Британските медиуми пишуваат дека Меган Маркл во наредните шест месеци ќе минува низ посебна обука за да што побргу се вклопи во протоколите на кралското семејство и да научи да биде вистински член на монарахијата.
Обуката ќе и ја држи 49-годишната Саманта Коен, асистентка на лордот Геит, бившиот главен секретар на кралицата Елизабета II.

Иако Коен дала оставка и го најавила своето заминување уште во септември минатата година, наводно одлучила да помогне во овој проект.

Сепак, се чини дека кралицата има потреба од Саманта за една од најважните задачи откако е на власт. Сега таа ќе треба да ја научи Меган сè за титулата војвотка која мора да ја оправда.

Можеби самоуверената Американка до сега ги кршела првилата на кралското семејство, но од сега почнува нов период во кој ќе мора да покаже дека се покорила на строгата традиција.