Home Актуелно Кралицата даде согласност за суспензија на британскиот парламент на пет недели

Кралицата даде согласност за суспензија на британскиот парламент на пет недели

Британската кралица Елизабета Втора даде согласност на барањето на премиерот Борис Џонсон да го суспендира британскиот парламент на период од пет недели.

„Наредба за суспендирање на парламентот не порано од понеделник 9 септември и не подоцна од четврток 12 септември 2019 до понеделник 14 октомври“, беше објавена по состанокот на кралицата со нејзиниот Личен совет во дворецот Балморал.

Повеќе пратеници ѝ пишаа на кралицата барајќи средба по „антидемократскиот предлог на премиерот да се суспендира парламентот“.

Британската влада ќе го суспендира парламентот во септември, а краличиниот говор ќе се одржи на 14 октомври.

Суспензијата ќе ги спречи обидите да се блокира брегзитот без договор, велат аналитичарите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…