Крал на слободните удари: Ниту еден тим не дава голови колку Меси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона синоќа со 4:0 го победи градскиот ривал Еспањол, а натпреварот повторно го одбележа Лионел Меси.

Аргентинецот постигна два феноменални гола од слободен удар, па денес шпанските медиуми пренесметаа дека ниту еден тим од најдобрите пет европски лиги не постигнува толку голови од слободни удари колку што постигнува Меси.

Имено, од сезоната 2014/15 Меси од слободен удар постигнал 17 гола за Барселона. Само во календарска 2018 година Аргентинецот осум пати беше стрелец од слободен удар. Ниту еден друг играч од најсилните пет лиги во Европа не постигнал ни половина од тоа.

Притоа, само еден клуб во Европа постигнал 17 гола од слободен. Станува збор за Јувентус, но за целиот тим.

Потоа следуваат Лион и Рома кои во споменатиот период постигнале 13 гола од слободен, ПСЖ 12, па следуваат Реал, Баерн Минхен и Монако со 11 гола од слободен.

https://youtu.be/IPU6-ZBQmeg