Вчера кобен ден: Сообраќајки низ цела Македонија!

soobrakjajka

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчерашниот ден изобилуваше со сообраќајни незгоди ширум Македонија. Според дневниот билтен на МВР, возачите во земјава често возат со неприлагодена брзина, а неретко и под дејство на алкохол.

Така, одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.12.2018 година во периодот од 06,00 до 22,00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Шест возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Издадени се 53 мандатни налози. Откриени се и 45 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози.

На 08.12.2018 година во 02,05 часот било пријавено дека во с.Могила-битолско патничко моторно возило “Хјундаи акцент“ со битолски регистерски таблици, управувано од Д.С.(22) од с.Могила-битолско, удрило во бетонски столб. Д.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 08.12.2018 година околу 05,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во с.Љубодраг се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Б.Ј.(46) од Куманово, и патничко моторно возило „Фиат Браво“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.Н.(27) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „Шевролет спарк“ Д.Н. (49) од Куманово, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани од лекар од Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 08.12.2018 година во 17,30 часот било пријавено дека во Прилеп на раскрсницата од улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Спасе Темелкоски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Вектра“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Ф.А.(29) од с.Норово-крушевск, и патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Г.К.(32) од с.Кадино Село–прилепско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ф.А. констатирани од страна на лекар од Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.