Избувна пожар во фирма во Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 08.12.2018 година во 16:25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека во кругот на „МЗТ“ во фирма (погон ковачница и заварување) додека вработените работеле, од непознати причини настанал пожар под плочата, при што бил опожарен доводен кабел за струја.

Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Гази Баба. Се работи на целосно расчистување на настанот