Дембеле почна да игра на врвно ниво, но утрово повторно направи глупост!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа славеа во градското дерби проти Еспањол, а уште еден одличен меч одигра Осман Дембеле.

Дембеле во последните неколку меча игра на врвно ниво, а синоќа повторно се запиша во листата стрелци.

Младиот француски фудбалер беше многу критикуван поради недостатокот на дисциплина и се чинеше дека тој проблем е конечно решен. Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека утрово Дембеле повторно задоцнил на тренинг и тоа дури два часа, а наводно се успал.

Тренингот на Барса бил закажан во 11 часот, но Дембеле во тренинг центарот пристигнал во 13 часот. Поради тоа Валверде одлучил Французинот да не тренира со остатокот од тимот, туку тренингот да го одработи сам.

Се уште не е познато дали клубот ќе реагира и дали ќе го казни Дембеле за новиот престап.