Крај на величенствената кариера: Кличко замина во легендите!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Еден од најголемите боксери на сите времиња и поранешен светски шампион Владимир Кличко објави крај на величенствената кариера.

Објавата на Кличко е неочекувана бидејќи пред само неколку дена беше најавено дека на 11 ноември ќе го има реваншот против Британецот Ентони Џошуа, од кого загуби во април.

Украинецот во професионалниот бокс дебитира во 1996 година откако претходно го освои златниот медал на Олимписките игри во Атланта.

Во професионалната кариера имаше 69 меча на кои забележала 64 победи, од кои 53 со нокаут.

Првата титула светски првак ја освои во 200 година во верзијата на ВБО, а потоа ги освои и шампионските појаси во верзиите на ВБА, ИБФ и ИБО. Кличко 23 пати успешно ја бранеше шампионската титулата.

„Го остварив сето она за што сонував, сега сакам да ја започнам мојата друга кариера после спортот. Не ни замислував дека ќе имам вака долга и успешна боксерска кариера“, порача Кличко.