Крај на љубовта со милијардерот: Ријана повторно сингл


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесуваат западните медиуми, славанта чоколадна убавица од Барбадос, бунтовната Ријана, ставила крај на врската со саудискиот милијардер Хасан Џамил. Пејачката наводно ја прекинала врската, бидејќи била „уморна од него и од мажите воопшто“.

Двајцата беа заедно една година и всушност не се гледаат толку често, затоа што го поминуваат поголемиот дел од своето време на различни континенти.

30-годишниот Џамал ​​е заменик претседател на семејна компанија која е единствениот дистрибутер на Toyota во Саудиска Арабија. Неговата состојба е проценета на 1,5 милијарди долари.

Покрај бизнисот со автомобили, Хасан поседува 14 екипи од фудбалската лига во Саудиска Арабија. Неговото семејство е меѓу 20-те најбогати семејства во светот, според рејтингот на „Форбс“.