Home Спорт Крај на една блескава кариера: Рибери оди во пензија

Крај на една блескава кариера: Рибери оди во пензија

Легендарниот француски фудбалер, Франк Рибери одлучи дефинитивно да стави крај на кариерата.

Рибери се уште е член на Салернитана и има договор до јуни, но сепак одлучи да го раскине договорот и да стави крај на кариерата.

39-годишниот Французин блесна во Марсеј, а својата афирмација ја доживеа во Баерн Минхен каде освои се што можеше да се освои.

Потоа се одлучи на авантура во Италија каде настапуваше за Фиорентина, а минатата сезона за Салернитана.

Рибери ќе биде запаметен и по неговото лице со лузна кое го одбележа неговиот живот, а за француската репрезентација одигра 81 меч.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…