Крај на бајката: Сирија падна на продолженија и нема да оди на СП (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Австралија се пласираше во завршниот азиски бараж за пласман на Светското првенство, отакако после продолженија ја победи Сирија со 2:1.

Во првиот натпревар резултатот беше 1:1, но сите веруваа дека Австралија лесно ќе ја совлада Сирија на домашен терен. Меѓутоа Сирија одлично го започна натпреварот и веќе во 7-та минута ги шокира домаќините со голот на Ал Сома.

Неколку минути подоцна Австралија изедначи преку Тим Кејхил на 1:1, па иако „кенгурите“ имаа комплетна иницијатива остана тој резултат и после 90 минути.

Натпреварот замина во продолженија и кога сите очекуваа изведување на пенали искусниот Кејхил постигна гол за 2:1 и ја елиминира Сирија.