Ковид-пандемијата годинава ги испорача резултатите во образованието во САД – никогаш полоши резултати по математика и читање


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американските 13-годишни ученици имаат најлоши резултати по математика и читање споредено со низа децении.

Во областа на математиката нивните резултати никогаш не биле полоши, покажува американскиот федерален тест „Извештај на нацијата“ („Nation’s report card“).

Резултатите, објавени вчера, се уште еден показател за тоа колку опадна нивото на знаење во текот на пандемијата Ковид-19.

Додека претходните тестирања го покажаа степенот во кој опаѓало знаењето, најновиот тест фрла светлина на постојаноста на тие неуспеси, намалувајќи ги надежите за брзо опоравување.

„Повеќе од две години откако повеќето ученици се вратија на настава во училниците, сè уште има „вознемирувачки знаци во врска со постигнувањата на учениците“, рече Пеги Кар, комесар на Националниот центар за образовна статистика на Министерството за образование на САД.

„Резултатите“ од академското закрепнување на кои се надевавме не се реализираа“, рече таа.

Во национален примерок од 13-годишници, просечните резултати по математика на овогодинешните ученици паднаа за девет поени помеѓу 2020 и 2023 година, а резултатите од читањето за четири поени.

Тестот, официјално наречен Национално оценување на образовниот напредок, се спроведуваше од октомври до декември минатата година, а на него учествуваа 8.700 ученици од двата предмети.

Слични неуспеси беа пријавени минатата година кога истото тело објави поопширни резултати кои го покажуваат влијанието на пандемијата врз американските ученици во четврто и осмо одделение.

Резултатите по математика и читање паѓаа уште пред пандемијата, но најновите резултати покажуваат пресврт.

Резултатите од тестовите по математика, кои се мерат од 1973 година, сега се на најниско ниво од 1990 година. Резултатите за читање се најслаби од 2004 година.

Посебна загриженост за официјалните лица е огромното намалување на знаењето меѓу учениците со најлош успех во училиштето..

Пад е забележан кај сите ученици, но додека подобрите ученици имале пад од шест до осум поени, учениците со полоши резултати забележале пад од 12 до 14 поени, покажуваат резултатите.

Разлики има и по раса. Учениците од речиси сите расни и етнички групи имаат полоши резултати по математика, но најголем пад има меѓу учениците од редовите на американските Индијанци (20 бодови) и црнците (13 бодови). Кај другите студенти падот е шест бодови, додека кај азиските студенти не е променет.