Коста Петров си даде оставка од директорската функција во Фондот за иновации


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, денеска, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук потврди дека поднесува оставка од директорската функција.

Во објавата тој ги наведе резултатите од својата работа, изразувајќи благодарност до сите партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка овие 14 месеци.

Со оставката што ја доставил до Централниот одбор на СДСМ, како што пишува Петров, после две и пол години, и официјално го завршува политичкото патување.

-Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година. Заедно финализиравме 11 рекордни повици и поддржавме рекорден број на компании, ги направивме првите категоризирани инвестиции во земјоделски технологии и социјалното претприемништво, креиравме посебен инструмент за поддршка на дигитализацијата во јавните установи и инвестиравме во креирањето на првиот Дигитален AI асистент на Владата и дигитализација на картотеките на Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков, за прв пат инвестиравме во развојот на иновациската инфраструктура преку финансирање на три Fab Labs, креиравме Национален стартап совет, го организиравме првиот Национален стартап самит и за прв пат креиравме план за трансформација на македонскиот стартап екосистем, ги ревидиравме сите повици на Фондот и за прв пат дозволивме аплицирање на проектни тимови, потпишавме договори за соработка со 7 македонски банки со цел полесен пристап до финансии за македонските иновативни компании, станавме стратешки партнер на Amazon Web Services и на македонските стартапи и овозможивме бесплатни кредити од 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари за користење на оваа водечка глобална клауд платформа, ја креиравме првата Програма за корпоративна иновативност на ФИТР, преку која заедно со Тинекс и Рош Македонија им го остваривме сонот на 9 стартап херои и развиваме иновативно решение за македонското здравство, креиравме работна група за Националната стратегија за вештачка интелигенција со Институтот Јоже Штефан од Љубљана како наш стратешки партнер, овозможивме бесплатна едукација за над 2000 млади за основите на Вештачката интелигенција, целосно ја ревидиравме менторската поддршка на Фондот а со PwC Македонија ја креиравме првата партнерска, менторска програма на ФИТР, потпишавме договори за соработка со над 30 национални и интернационали организаци, преку Предизвикот за млади истражувачи поддржавме 19 училишта во Републиката (30 ментори и 150 ученици) а вклучивме и 46 учениции и 10 ментори во овој циклус на проекти на Програмата за социјално претприемништво на млади – UPSHIFT, заедно со Амбасадата на Обединетото кралство и УНДП го отворивме првиот #FutureSkills центар во Тетово, а она на што сум најмногу горд е моделот за Хибридниот инвестициски фонд кој го развивавме заедно со Светска банка, за кој веќе на пролет ќе биде финализиран и повикот за интернационален Fund Manager, напиша Коста Петров на Фејсбук.