Коста Кецмановиќ не може ни да биде избркан од училиштето во кое учи и каде ги изврши грозоморните убиства


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Освен што не може да биде кривично гонет поради неговата возраст од сè уште ненаполнети 14 години, Коста Кецмановиќ кој застрела осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и повреди уште шест деца и наставничка, според српските законски одредби, не може да биде ни избркан од училиштето, бидејќи ваква мерка за основните училишта, според соговорниците на порталот Н1, не постои во српските прописи.

Тој евентуално може да биде префрлен во друго училиште – доколку училиштето во кое се префрла се согласи и со известување на родителите или друг законски застапник.

Кога ученик внесува оружје во училиштето и ја загрозува сопствената безбедност или безбедноста на другите ученици, наставници и вработени во училиштето, тоа се смета за сериозно прекршување на обврските на ученикот, па директорот на училиштето итно покренува воспитно-дисциплинска постапка, во која мора да учествува родителот на ученикот или друг законски застапник – ова е процедурата пропишана со закон.

Истото важи и кога станува збор за прекршување на законската одредба со која се забранува насилство во училиште.

„Доколку се утврди дисциплинска одговорност на ученикот за тежок прекршок, се изрекува воспитно-дисциплинска мерка, која е за тешка повреда на обврските на основците – опомена од директорот и опомена од наставничкиот совет. Мерката исклучување на ученици од настава е наменета исклучиво за средношколци, односно училишта со дом, па не може да му се изрече таква мерка на основец“, објаснуваат адвокатите Александра Бевења и Владимир Божиќ за порталот Н1 од името на Синдикатот на просветните работници на Белград.

Во случај на повреда на законската одредба со која се забранува насилство во училиштата, предвидени се и мерки за опомена на директорот или наставничкиот совет, како и можност за префрлање на учениците од петто до осмо одделение во друго основно училиште врз основа на одлука на наставничкиот совет, со согласност на училиштето во кое се префрла и со известување на родител или старател.

Исклучување од основно училиште – ни во овој случај не е предвидено како можна мерка.