Руски и украински политичари се степаа во Анкара (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пратеници на украинскиот парламент се обиделе да го спречат говорот на руската делегација на самитот на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК) во Анкара за време на говорот на руската пратеничка од редовите на Единствена Русија во Државната дума, Ола Тимофеева. За време на нејзиниот говор, таа на нејзината јакна ја имаше закачено Јуриевата лента, симбол на руската агресија.

Украинските претставници се обиделе да развијат знамиња зад нејзиниот грб, но членовите на руската делегација станале да ги спречат во тоа. Тогаш во ситуацијата се вмеша и претседателот на турскиот парламент Мустафа Шентоп. Тој прогласи пауза и побара делегацијата, која ги прекршила правилата, да биде изнесена од салата.

„Овде ќе зборува оној кој има збор. Нема да дозволам никој да го нарушува мирот и редот на настаните. Доколку некој има такви намери нека ја напушти просторијата“, рече Шентоп. Тој нагласи дека секој може да го каже своето мислење и идеи, но со почитување на правилата.

„Нема ништо лошо во тоа. Меѓутоа, ако се обидат да одржат акции, ова повеќе нема да биде парламентарен настан и ќе се претвори во улично движење“, додаде тој. Тој рече дека не дозволува такви постапки и побара оние кои сакаат да зборуваат без да дадат збор да ја напуштат салата.

После тоа, на маргините на настанот настанала тепачка поради украинското знаме, во која учествувал и украинскиот пратеник Олександар Мариковски. Од 4 до 5 мај во Анкара се одржува 61. Генерално собрание на ПАБСЕК.

На дневен ред е прашањето за потврдување на мандатот на членовите на националната делегација на Руската Федерација, формирана по парламентарните избори во Руската Федерација.