Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денеска, петок, петти мај, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови претежно во југоисточните делови ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и дневна температура од 21 Целзиусов степен. Маврово 14, Охрид 18, Битола 20, Крива Паланка и Берово 17, Кавадарци 23, Дојран 22.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 15 до 26 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…