Home Актуелно Косово делумно ја укина царината за некои производи – регионот бара целосно укинување

Косово делумно ја укина царината за некои производи – регионот бара целосно укинување

Косово делумно ги укина дел од зголемените царини за овошјето и зеленчукот, но царината за доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето и понатаму важи.

Министрите од регионот денеска во Белград на заеднички состанок ја повикаа косовската Влада целосно да ја повлече одлуката. Доколку тоа не се случи секоја земја, членка на ЦЕФТА, сама ќе одлучи дали и какви реципрочни мерки ќе воведе за Косово.

Министрите се одговориле да биде формирано и оперативно тело кое ќе работи на решавање и укинување на

Сите трговски бариери кои може да се појават во регионот.
Иницијаторот на средбата и домаќин, српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, по состанокот, рече дека ниту една земја не сака трговска војна зашто тоа нема да донесе добро никому.

Министерот за економија и денес најави дека во петок во Приштина ќе се сретне со својот колега.

„Јас и во официјалното писмо испратено до министерот Хасани пред пет дена, побарав целосно укинување на одлуката, укажувајќи дека оваа мерка веќе предизвикува значителна штета на трговијата на споменатите производи“ – соопшти Крешни Бектеши.

Во меѓувреме, денес ниту еден камион со овошје и зелечук од Македонија не заминал за Косово. Штетите што ги трпат земјоделците и трговците се огромни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…