Кортни има само 44 килограми: Еве што јаде за да остане толку слаба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од славните припаднички на кланот Кардашијан/Џенер, Кортни Кардашијан, наскоро ќе наполни 40 години, а според многумина, се наоѓа во зенитот на својата убавина и идеален изглед.

Во епизодата од нивното семејно реално шоу Keeping Up With Kardashians, емитувана во петокот, таа откри дека тежи само 44 килограми. Потоа, на својата приватна веб страна kourtneykardashian.com, таа објави листа на додатоци во исхраната кои секојдневно ги користи и со чија помош ја одржува својата линија.

„Во овој момент, мојата исхрана се базира на умереност. Се трудам да јадам здраво кога сум дома и да ја одржувам рамнотежата со здраво органско овошје и зеленчук, здрави масти и протеини. Сфатив дека тоа што го јадам влијае на сè, од мојата кожа, преку моето расположение, до нивото на енергија“, напиша старлетата.

Потоа таа наброи што сè консумира во текот на еден ден.

„Најпрвин пијамколаген помешан со вода. Во текот на денот се трудам да пијам што е можно повеќе вода, особено за време на вежбањето. Потоа пијам смути со додатоци како протеини од рибини коски, масло со триглицериди и алги E3Live. Потоа е време за храна. За ручек бирам органски зелени салати, кои најчесто ги консумирам. Во последно време си права и салата со авокадо, варени јајца, краставица и домати. Попладне пијам жежок зелен чај и најчесто грицнувам нешто. Во последно време го открив чипсот со слануток кој многу ми се допаѓа. За вечера јадам печен лосос или пилешко, пире со лук, пржени моркови и брокула со бел ориз. Јадам бел ориз навечер бидејќи тогаш најлесно го вари организмот. Мојот нутриционист тврди дека кафениот ориз е подобар за ручек, а белиот за вечера“, напиша Кортни.