Коронавирусот однесе уште еден живот во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Македонија почина седмата жртва од коронавирусот. Позитивна вест е дека девет пациенти се пуштени како излечени од Клиниката за инфективни болести откако имале негативни резултати на тестовите за КОВИД-19.

Седумдесет и деветгодишен жител на Дебар е седмиот пациент кој почина во Македонија. Тој бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 25 февруари, два дена откако имал позитивен тест.

Во последните 24 часа во земјата се потврдени 26 нови случаи, од кои 19 во Скопје, три во Куманово и по еден во Прилеп, Тетово и Крива Паланка, која стана 15. град во кој е забележан коронавирус.

Вкупната бројка заразени порасна на 285, вклучувајќи петмина полицајци од станицата во Петровец и осум медицински лица од Заводот за рехабилитација во Козле.

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека осум пациенти од Дебар и еден од Скопје се испишани од Инфективната клиника откако нивните два контролни теста на КОВИД-19 имале негативен резултат.

„Во следните денови очекуваме и други пациенти да бидат испратени дома“, изјави Филипче.