Корисниците на Iphone 6 старите батерии нема да може да ги заменат до март


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако Apple вети дека ќе ги промени батериите за 29 долари, после признавањето дека намерно ги успорувале перформансите, во сервисните центри дошло до недостаток на залихи.

Времето на чекање на на новите батерии ќе биде продолжено поради што американскиот гигант не можел да се прилагоди на големата побарувачка. Тие пред месец дена најавија дека ќе дадат попуст за промена на батериите од 79 на 29 долари. Рокот за достапност на батериите беше даден до јануари, но сега се пролонгира.

Додека сопствениците на iPhone 6 ќе мора да чекаат скоро 2 месеци за промена на батерија, корисниците на iPhone од седма генерација ќе може да ги променат до крајот на јануари.

Многу љубители на овие уреди беа уверени дека компанијата ќе им понуди бесплатна промена на батериите поради намерното успорување на уредите, се чини дека тоа нема да се случи.

Потсетуваме, Apple беше мета на критики во јавноста поради што призна дека намерно ги успорувал уредите, а да спречи изненадно гаснење на истите. А поради тоа компанијата се соочува со 8 одделни тужби во САД, Израел и Франција.