Конте му го „краде“ Бакајоко на Милан: Французинот пред шокантен трансфер во Интер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Интер сака да му го „украде“ Бакајоко на градскиот ривал.

24-годишниот Французин оваа сезона игра во дресот на Милан како позајмен фудбалер од Челзи и „росонерите“ имаат право да го откупат за 35 милиони евра.

Бакајоко одигра одлична сезона и е еден од најдобрите поединци на Милан, но после последните инциденти и конфликтот кој го имаше со Гатузо, „росонерите“ тешко дека ќе го откупат неговиот договор.

Италијанските медиуми се сигурни дека Милан ќе го врати Бакајоко во Челзи на крајот на сезоната, а таквата ситуација сака да ја искористи Интер.

Имено, Конте одлично го познава Бакајоко и сака повторно да соработува со него во Интер, па му препорачал на „нероаѕурите“ по секоја цена да му го донесат во тимот.

Директорот на „нероаѕурите“ Марота веќе стапил во контакт со неговиот агент Федерико Пасторело и почнал да работи да го донесе играчот на „Џузепе Меаца“.

„Нероаѕурите“ ќе му предложат на Челзи едногодишна позајмица од 5 милиони евра со право на откуп следната година за додатни 30 милиони евра.

Бакајоко се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па ова би било сериозен удар за Милан. Притоа, играчот одлично се чувствува во Милано, сака да остане во Италија и е спремен да ја прифати понудата на Интер.