Конечно почна судското рочиште за родилката од дебар која при породување остана без бубрег, матка и јајник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По седум месеци одложување, во Основниот суд во Струга конечно почна судењето за случајот на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар која при породување во 2020 остана без бубрег, матка и јајник.

Докторот Мухамед Асани и неговиот син доктор Блертон Асани, не чувствуваат вина за случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска. Истото го кажа и третообвинетата докторка Љиљана Јованоска откако сите тројца денеска се појавија во струшкиот суд на рочиште по седум месеци одлагања. Веапоска, која при породување во болницата во Струга остана без бубрег, матка и јајник, повторно раскажа за стресот низ кој поминала и како во полусвесна состојба ги слушала лекарите како се договараат да и ги извадат органите, но и за нечовечкото постапување со неа.

Последниот ден откако ми се влоши повеќе состојбата, јас му се јавив на мојот сопруг, дека од болница ме отпуштаат да си одам дома, но оти јас не сум добро, да дојде да ме земи и да ме однеси во некоја друга болница, дека јас умирам и дека моите две деца ќе останат без мајка. Одлучија да ме стават во операциона сала. Никогаш не заборавам како доктор Асани се обрати и со прст рече оваа да ја спремате за во сала.

Откако се соочи со обвинетите доктори и навраќањето на голготата со која се соочила пред три години, Веаповска беше вознемирена по што судијата даде пауза пред да продолжи со исказот.

Обвинетите доктори Мухамед и Блертон Асани како и докторката Љиљана Јованоска на кои им се суди за тешки дела против здравјето на луѓето, се изјаснија за невини.

Според обвинението, лекарите и ја оштетиле на Веапоска левата бубрежна артерија, и покрај таквата состојба не презеле мерки туку и давале терапија при што таа паднала во шокова состојба и повторно ја оперирале при што и ја отстраниле матката и левиот јајник кои не биле повредени.

Крварењето не застанало, а со втор зафат откриле дека е оштетена артерија и настанало тешко нарушување на здравјето,тогаш и бил отстранет и левиот бубрег. Потоа била пренесена на Карил во Скопје.

Следно рочиште за случајот е закажано за 10ти март.