Home Вебкафе Коњ на поило во Градски парк во Скопје

Коњ на поило во Градски парк во Скопје

Автомобил со скопски регистарски таблички марка „Пежо“ пропаднал во езерцето во Градскиот парк. Во инцидентот повредени нема.

Информацијата за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде информираа дека нивни екипи се испратени на терен.

До Територијалната противпожарна единица на Град Скопје досега нема пријава за евентуална интервенција.

Слика со пропаднатиот автомобил беше објавен на фејсбук страната „Ние сме од Скопје“.

Сѐ уште не се знае како автомобилот се нашол во езерцето. На местото пред мостот се видливи траги на кочење, што укажува на тоа дека е можно повеќе автомобили да имало во во овој дел од паркот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…