Комуникација во семејството


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секое дете, од мала возраст, добива умешност за комуницирање во семејството. Тоа на некој начин ја претставува основата за воспитување на младиот човек, кое пак се добива преку правилна комуникација. Во семејствата е важно преку комуникацијата да се доаѓа до меѓусебно разбирање и да се развива почит, што е наважен сегмент за успехот на таа заедница.

Семејството се најблиските луѓе со кои секојдневно општиме, па поради тоа комуникацијата треба да е смислена и мирна. Секако дека низ семејните врски понекогаш се испреплетени неочекувани настани кои можат да ја успорат, намалат или да направат комуникацијата да предизвика несогласувања и стресни ситуации.

Поради тоа доколку во семејството се негува хармонијата и иако има мала дисфункционалност, со добра комуникација може да се надмине секоја непријатност. Од најмалиот, па се до најголемиот член, сите заедно треба да ги прифатат своите различности, но и да се надоградуваат меѓусебно во поглед на вредностите. Што поголем праг на толеранција владее во семејството, толку повеќе помалите, па и поголемите членови ќе го применуваат тоа во своите надворешни групи при што би се подобрила општата комуникација и состојбата во заедницата.

Доколку повозрасните членови кои веќе ги развиле своите психички способности покажат смиреност во разговорите, толку поголема е веројатноста дека децата во тоа семејство ќе ги практикуваат истите особини. Со тоа комуникацијата е и повеќе од значајна и претставува поттик за развивање на подобри социјализаторски вештини кај новите генерации.

Отворената и јасна комуникација е важна за развој на семејството и односите во него. Односите треба да се негуваат и да се пријателски насочени, бидејќи тоа е рецепт за добро општење и пренесување на што покорисни информации. Колку повеќе семејството ќе се однесува како целина, толку повеќе помладите членови ќе бидат посоцијализирани, полиберални и поблиски со другите луѓе. Децата кои растеле со личности кои практикуваат отворена и јасна комуникациа, лесно ќе можат да комуницираат со своите врсници.

Теодора Митревска

Институт за семејни студии

Извадок од списанието VOX