Топол четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јули веќе го зазема својот логичен тренд на топло време, како што му доликува на еден летен месец.

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 27 до 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени. Маврово 27, Охрид 30,Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 36, Дојран 37.

Утре и в сабота во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни. Во почетокот на наредната седмица се очекува сончево и многу топло време.