Славни

Комшиско девојче кое го избезуми светот: На неа „падна“ и Леонардо ДиКаприо

Српската манекенка Александра Николиќ го привлече вниманието на светските медиуми со своите секси фотографии на Инстаграм, а за неа овие денови дури и славното списание GQ.

A post shared by GQ (@gq) on

„Ќе се испотите кога ќе ја видите“, го најавија интервјуто со Николиќ која им откри дека освен со манекенство, се занимава и со глума, а дека голема желба има да ги посети Сејшелите, но и дека имала инцидент со стаклена врата поради кој завршила во болница.

Александра се појави во спотот за песната Sexy People од Pitbull, а српските медиуми долго ја поврзуваа со Леонардо ДиКаприо.

„Тој е прекрасен дечко, добро се познаваме, но не ми се допаѓа на ист начин на кој тој ме гледа мене“, изјави во едно интервју Србинката, пренесува српски Blic.

To Top