Home Актуелно Комисијата за заразни болести ќе предложи враќање на полициски час од 22 до 5 наутро во критичните градови и подрачја

Комисијата за заразни болести ќе предложи враќање на полициски час од 22 до 5 наутро во критичните градови и подрачја

Комисијата за заразни болести до Владата ќе достави предлог за повторно враќање на полицискиот час во критичните населени места каде што е зголемен бројот на новозаразени од коронавирусот.

Според наши извори полицискиот час ќе почнува од 22 часот до 5 часот и ќе важи за критичните места каде има зголемен број на заболени од короанвирусот.

Во земјава вчера беа регистрирани 111 новозаболени од КОВИД-19, а досега бројот на активни случаи е 1.226. Две лица вчера починаа – пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Шест пациенти се оздравени.

Најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје – 63, потоа следуваат Куманово – 11, Штип – 12, Тетово – 8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 025, бројката на оздравени пациенти е 1 646, а на починати е 153.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…