Командантскиот теренец од славниот генерал Патон оди на продажба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конкретниот примерок од специјалната верзија на воениот теренец Dodge WC-57, која беше изработувана од 1942 до 1945 година за потребите на американската војска, модифициран за американскиот генерал Патон е пуштен на продажба.

Американскиот генерал Џорџ Смит Патон беше една од најважните и најмаркантни фигури на Втората светска војна.

Патон се истакна како брилијантен командант на оклопните единици во битките во северна Африка, на Сицилија, и особено во таа на Ардените, во зимата 1944 година.

Генералот Патон во походот на Германија, од сојузничкото истоварање во Нормандија во јуни 1944, како командно возило го користел модифицираниот Dodge WC-57.

Воениот теренец бил приспособен во 1944 во Англија за потребите на американскиот генерал. Возилото напред и одзади добило метални плочи како заштита од куршуми, а бидејќи било командно возило на генерал опремено е и со специјални сирени и метално генералско знаме со три ѕвезди.

Овој Dodge бил вооружен со митралез со калибар од 50 милиметри на Браунинг, пред сѐ за возвраќање оган по непријателските авиони доколку некој од нив го забележел возилото.

Теренецот на Патон бил детално реставриран и ќе биде понуден на продажба кон средината на јуни во Индијана, САД.