Home Живот и здравје Вакцина против коронавирус може да се очекува најрано за една година

Вакцина против коронавирус може да се очекува најрано за една година

Според проценките на епидемиолозите и инфектолозите, вакцината за коронавирусот може да се очекува најрано за една година, бидејќи истата не би можело да се очекува да биде произведена до крајот на оваа година.

Процесот за секоја вакцина е долготраен и со максимално забрзување, најмалку се потребни 12 до 18 месеци, а и претходат и неколку фази на претклинички испитувања, рече д-р Владимир Микиќ.

„Според она што досега го знаеме, во најбрз можен рок, меѓу година и година и пол би бил периодот кога може да се произведе, рече епидемиологот“, одговарајќи на прашање на вчерашната видеосесија за КОВИД-19 кога би можело да се очекува вакцина за новиот вирус.

Д-р Жарко Караџоски додаде дека според некои насоки можеби во септември би имало претклничко истражување и се согласува до крајот на 2020 вакцина се уште ќе нема.

„На крајот на 2020 година нема да имаме вакцина, меѓута во иднина на ова ќе гледаме дека сме се бореле со непозната работа која ќе биде сезонска“, рече Караџоски, додавајќи дека целата состојба ја следат и низа информации, кои се уште се на ниво на шпекулација, меѓу кои и дека вирусот во следниот период ќе почне да се шири на Јужната полутопка и дека следната година може да ни се врати како сезонско заболување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Сè повеќе дезинформации за бебешки формули и абортуси на ТикТок

Истражувањата покажуваат дека повеќе од една милијарда луѓе месечно го користат TikTok, пр…